Заменичката на претседателот на Владата Мила Царовска, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, заменик директорот на ПИО Илија Ивановски, претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери Станка Трајкова и градоначалникот Живко Гошаревски, денеска се сретнаа со пензионерите во Ресен. Тема на разговор беше престојното покачување на пензиите во политика и другите прашања поврзани со повозрасната популација.
„Јануарската пензија што ќе ја исплатиме во февруари ќе биде 700 денари повисока за секој пензионер. Со оваа одлука го зајакнуваме животниот стандард на пензионерите а просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари. Покачувањето на пензиите се прави плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и кога имаме раст на економијата во државата” истакна Царовска.
Системското решение предвидува дополниетлно зголемување на пензиите освен според растот на БДП, да може да се зголемуваат и според растот на платите.