Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју за дневникот на МРТ, посочи дека сите незавршени и истраги кои што намерно се кочеле ќе бидат процесуирани до надлежните органи за нивно постапување.

Чулев ги охрабри граѓаните кои што имаат било какви сознанија за тековни но и нови криминални однесувања да ги пријават во Министерството за внатрешни работи.

Сите незавршени истраги и оние истраги кои што намерно од политички причини се држени во лер, во наредниот период до надлежните институции ќе бидат процесуирани и ја користам оваа прилика да ги охрабрам сите оние граѓани кои што имаат било какви сознанија за тековните, но и за нови криминални однесувања да ги достават до МВР, а тие на најпрофесионален начин ќе бидат процесуирани до правосудните органи, нагласи Чулев.