Дополнителниот заменик министер во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски повторно глумејки опозиционер “дели” лекции на функционери од СДСМ.

Трипуновски, кој секој месец добива плата од МЗШВ како дополнителен заменик министер, наместо да си ја заработи платата и привилегиите кои ги ужива, тој дели лекции на функционери од СДСМ да помогнеле за работи за кои токму истиот тој добива плата.

Ако Цветан Трипуновски си ја замислува заменичката позиција во земјоделие со делење совети, тогаш секој граѓанин во државата може да биде дополнителен заменик.

Наместо тоа, Трипуновски најдобро е да ги засука ракавите и конечно да се фати за работа, земјоделците да имаат барем некоја корист од него, наместо да глуми нивен душегрижник.