Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на одлуката од 11.7.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,716 ден/кг.

Од 16.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар) –

Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 75,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 46,909 (денари/килограм)