Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на вчерашниот 26.Конгрес на партијата.

Лукаревска е директорка на Управата за јавни приходи. На последните парламентарни избори беше коносителка во Изборната единица 2, заедно со Оливер Спасовски.

Лукаревска е роденa 1982 година во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2005 година.

Својата професионална кариера ја започнува во Управа за јавни приходи:

• Од 01.07.2006 до 30.06.2007 работи како Помлад инспектор во Регионална Дирекција Скопје – УЈП;

• Во периодот од 01.07.2007до 31.12.2015, работи во Секторот за правни работи во Генералната дирекција Скопје на УЈП;

• Во јануари 2016 година именувана е за Кабинетски службеник за прашања поврзани со дополнителниот Заменик министер за финансии во Министерството за финансии.

• По престанокот на функцијата Кабинетски службеник за прашања поврзани со дополнителниот Заменик министер за финансии во Министерстовото за финансии се враќа во УЈП на местото Асистент за извршување во Одделението за наплата на долгови во Дирекција за големи даночни обврзници;

• Од 16 јуни 2017 година е именувана од Владата за вршител на должност Директор на УЈП.

• Од 20 февруари 2018 година е именувана од Владата за Директор на УЈП.

Лукаревска е ќерка на познатиот македонски актер Ѓокица Лукаревски.