Фудбалерите на Ливерпул по европската ја освоија и светската титула и тоа откако вечерва во Катар во големото финале беа подобри од Фламенго.

Премиерлигашот создаде доволно шанси во регуларниот дел, ама ниту една од нив не искористи што значаше дека натпреварот ќе замине во продолженија. Токму во овој дел четата на Клоп го скрши отпорот на јужноамериканскиот првкат и тоа преку Роберто Фирмино кој во 99 минута ја искористи асистенцијата на Садио Мане и стрелаше за 1-0.

Ова се покажа како доволно, па така Ливерпул за првпат во својата историја стана светски клупски првак, односно додаде нов трофеј во своите витрини.