“Земјоделците од Општина Валандово, денеска ме пречекаа во пријателска атмосфера. Заедно со градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов и директорот на Платежна агенција Николче Бабовски посетивме два откупни пункта: Бадник Компани ДООЕЛ во с. Балинци и Марјан –Ринго ДООЕЛ во с. Брајковци”- информира, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
На овие пунктови тече откупот на зимската зелка, земјоделски производ кој е карактеристичен за овој регион бидејќи климатските услови се поволни и овде зелката најубаво успева.
Во валандовското поле со зелка е засеана површина од околу 150 хектари и има просечен принос од 35 тони по хектар.
Во директна комуникација со земјоделците, министерот Димковски се информирал за текот на откупот на зимската зелка и им порачал дека откупот ќе продолжи непречено да се одвива, а министерството ќе продолжи да креира развојни мерки и политики, кои секогаш се во интерс на земјоделците.