Министерот Љупчо Николовски денешниот прв работен ден како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, го започна на терен со средба со тутунопроизводителите и оваа пракса на отворени и секојдневни средби со сите земјоделци ќе ја продолжи и во наредниот период.

Николовски нагласи дела силно ќе се бори во Владата за секој еден сектор во рамки на земјоделството.

Со ефикасни и системски мерки ќе покажеме дека македонскиот земјоделец има потенцијал и дека земјоделството може да биде профитабилна дејност, којашто рамноправно со другите дејности ќе учествува во вкупниот економски раст“, посочи Николовски.







































