Ексминистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник во Собранието Љупчо Николовски стана почесен член на Националната организација „Слоуфуд Македонија“.
– Од денес сум почесен член на Слоуфуд Македонија или како што тие велат, дел од луѓето кои ја применуваат оваа филозофија и придонеле во нивната кауза. Преку нова стратегија, закони, политики и мерки но и нови програми воспоставивме за прв пат систем на поддршка и развој на малите семејни фарми, винарии и производители од куќен праг, креиравме национален саем за храна и пијалоци во 2022 и 2023, како и рекордна поддршка за учество на најголемите меѓународни саеми успеавме нашите домашни производи да ги направиме светски. Благодарам Slow Food Macedonia на големата чест и признание! – порача тој на војот официјален фејсбук профил.