Пратеникот и ексминистер Љупчо Николовски со сеќавање на загинатиот претседател Борис Трајковски.
Поминаа 21 година од загинувањето на претседателот, соработниците и екипажот.
Борис беше искрен, европски, стабилен, модерен, државник со јасна визија и одлучност.
Претседател што градеше пријателства и мостови за иднината на сите нас.
Да имавме повеќе луѓе во политиката со вакви вредности ќе немаше простор за политиканство, навреди, омаловажување и поделби.
А со разум, храброст и јасна цел можеме напред.
Вечна Ви слава! – напиша Николовски на својот фејсбук профил.