Сведоштво на Младен Даскаловски, сведок на инцидентот кој вчера го предизвика обезбедување на Христијан Мицкоски во Вевчани:

Епа драги вевчанци вака беше,

Без никакви лаги и невистини, ви ја презентирам целата вистина околу еден случај, кој веќе се коментира низ јавноста.
Некаде оклу 20:30 часот на терасата во објектот „Госип“, во кој сум сопственик и вработен, во моментот на дешавката келнер, при партиски собир, лице претставено како полицаец со име и презиме

Димитар Димовски, без никакво образложение и без притоа да покаже службена легитимација, почна да бара лични документи и да се заканува на наши гости од непознати причини. На тоа, ЈАС лично реагирав со прашање, „кој е господинот и со кое право истиот легитимира наши гости?“ но, на истото прашање не добив никаков одговор, освен арогантно понашање!

Познавајќи ме мене, како и нашиот објект сите знаете дека без разлика на партиска, верска и било каква припадност, безпрекорно сте дочекани и послужени сите кои сте сакале да не посетите!

На крај, од мое лично име порачувам следно:

НЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД НИКОЈ И НИКОГАШ!

Наша силна страна е правдата, чесноста и слободата!!!

Секој е добредојден, освен тие што на „нивните” им викаат „ШТО БАРАТЕ ТАМУ“ тие не се наши…
Некој ако сака да создади нова иднина на ваков начин, гадно се залажал.

… Со надеж дека Вевчани ќе биде подобро место за сите нас,

Младен Даскалоски.