Метеорологот Славчо Попоски прогнозира дека од 20 ноември па во деновите кои следуваат Македонија ќе ја погоди таканаречената Поларна експлозија која се карактеризира со многу снег и ниски темератури.
„Покрај значителното количество на снег, ќе имаме и екстремно ниски температури на воздухот, како наутро, така и преку ден, а наутро и во ноќните часови на многу места тие ќе се спуштаат под -10 степени, на повеќе места и до околу -15 степени, додека во планинските места дури и до -20 степени“, напиша Попоски
Тој додава дека оваа екстремна Метеоролошка појава, повеќе ќе наликува како да сме јануари, а не ноември месец.