Без записник во полицијата поминала сообраќајна несреќа во која два автомобила се речиси целосно уништени од предната страна, дознава Ипортал. Изворот кој до нашата редакција ги испрати фотографиите вели дека автомобилот е на познатиот македонски ракометар Стојанче Стоилов.
Автомобилите се фотографирани во населбата Ново Лисиче, а потоа автомобилот за кој изворот вели дека е на ракометарот подоцна бил преместен на паркингот зад станицата за технички преглед на ПСС во населбата.
Според извори на Ипортал, пред сообраќајката, Стоилов бил во Рустикана до 5 часот наутро, а сообраќајката ја направил враќајки се од кафеаната, под дејство на алкохол. Останува нејасно дали автомобилот навистина е на ракометарот и зошто сообраќајната несреќа поминала без записник во полицијата.