Имаме амбуланта, стоматолози и психијатар, Бојан Jовановски има максимални здравствени услови. Тој има одредени здрваствени проблеми, и при најмало алармирање од нашите лекари, веднаш повикуваме брза помош, изјави Есад Рахиќ в.д. директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Тој додава дека не се точни шпекулациите дека Јовановски бил шиканиран и навредуван од страна на другите затвореници. Како што вели Рахиќ Црвениот крст и други институции како Народниот правобранител доаѓале во контрола кога станува збор за Јовановски, и се било во ред.

-Јовановски го знам од поодамна нема да дозволам да биде шиканиран ниту тој ниту пак било кој друг затвореник, вели Рахиќ.