Скопје продолжува да биде меѓу најзагадените градови во светот, граѓаните дишат загаден воздух и во други градови.

Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше активна борба со аерозгадувањето граѓаните гледаат дека ниту градоначалниците од оваа партија ниту пак централната власт презема нешто, велат од СДСМ.

Во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше 1 милијадра евра инвестиции за заштита на животната средина и намалување на загадувањето до 50%.

Дојде на власт, седна во фотелјата и Мицкоски не прави ништо, ниту има инвестиции, ниту мерки против загадувањето.

Во мандатот на СДСМ во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници, во 13 средни средни училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата, се субвенционираа инвертери, велосипеди, активните оџаци се намалија за 8.000, на 3.000 m3 подигнати стрништа, затворени беа сите диви депонии во градскиот урбан опфат.

Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја. Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето.

Дури и долгорочните проекти за еколошки јавен транспорт како на пример проектот БТР со целосно обезбедени пари, ВМРО-ДПМНЕ ги запре.

Поразително е тоа што власта на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо додека граѓаните дишат загаден воздух, порачаа денеска од СДСМ.