Катастрофата што се случува речиси цел месец со пожарите кои беснеат уништи 5% од вкупната територија на Македонија! Штетата е огромна, опустошени се над 1.200 километри шума, горат и националните паркови. Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потфрли во справувањето со пожарите и за тоа мора да има одговорност. Тошкоски треба веднаш да си поднесе оставка, велат од СДСМ.

СДСМ неколку пати апелираше дека Тошковски е неспособен да управува со Кризниот штаб и мора да биде сменет, додаваат од партијата.

„Лошата координација со воздухопловите и спорото делување на институциите, за што со денови предупредувавмем се покажува како најголемо потфрлање на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи со кој раководи Тошковски. Тошковски потфрли целосно и во превенцијата како и во фаќање на оние кои намерно ги подметнуваат пожарите. Освен одговорност од Тошковски Владата треба целиот начин на делување да го промени. Сите институции да се фокусираат на кризата со пожарите, да се обезбеди поголема ефикасност и делување на воздуоловите. Одговорен премиер и одговорен министер, при ваква состојба секојдневно ќе бидат во кризниот штаб и ќе управуваат со институциите а не да ги гледаме како се занимаваат само со ПР и дневно политички промоции. Во изминат период СДСМ конструктивно и одговорно се однесуваше, не сакаше да ја подгрева тензијата и да ја напаѓа Владата, оставајќи ги институциите да работат. Но, состојбата со која се соочува земјата е пресериозна и во голема мера последица на неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Владата“, завршуваат од партијата.