“Секојдневно се потврдува дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се остатоци на криминалниот режим на Никола Груевски.

Таков е случајот и со тимот на дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочовска.

Кочовкса во својот кабинет ги ангажирала Благоја Ташаминов, Анита Стамнова и Мишо Николов.

Благоја Ташаминов е човек на Никола Груевски и Ѓорге Иванов. Ташаминов во време на најкриминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ бил претседател на Комисијата за јавни набавки, но и близок соработник на Зоран Ставревски.

Ташаминов претходно нашол прибежиште во Агенцијата за разузнавање под ингеренција на Ѓорге Иванов.

Мишо Николов јавноста многу добро го памети по тоа што беше директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Додека Николов директоруваше во ЈСП беа набавувани кинеските автобуси. Додека Николов раководеше со сообраќајното претпијатие, се возеа стари и нееколошки автобуси а ЈСП градеше панорамско тркало за да ги исполни желбите на Груевски.

Овие кадри се уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето. Опозициската партија се уште е раководена од криминалецот во бегство Груевски.

Режимската, груевистичка матрица во ВМРО-ДПМНЕ се уше е силно присутна. Со таква понуда Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат силен, убедлив пораз на предвремените избори.

На 12 април граѓаните уште еднаш ќе ја поразат нереформираната, режимска ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим никогаш повеќе.” – реагираат од СДСМ.