Во државните институции ВМРО-ДПМНЕ спроведува груба партизација, обвини СДСМ, нудејќи бесплатна правна помош на сите оштетени.

Пратеникот Борче Цветков вели дека во моментот се случуваат незаконски разрешувања и распределувања, но и незаконско стопирање на завршени постапки за нови вработувања.

„Во рок од само неколку дена во МВР се распределени над 50 полициски службеници, дел и на раководни позиции. Спротивно на законските норми се случуваат распределби и назначувња на неколку нивоа подоле. Еклатантен пример е случајот со поранешниот диркетор на БЈБ кој е симнат за 10 тина нивоа подоле на ниво на самостоен инспектор во полициска станица. Ова се случува и во други институции“, изјави Цветков.

Од опозициската партија велат дека има бројни примери и на отпуштања, после веќе завршени огласи за вработувања на нови кадри, неопходни за работа на институциите, а незаконски се наоѓаат начини да не се реализираат.

„Нема место за професионалците во партиската шема на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ќе ги заштити обезправените од грубиот процес на партизација што сака да го наметне ВМРО-ДПМНЕ. Правен тим од неколкумина правници и адвокати на СДСМ партијата бесплатно ги става на расплагање на сите на коишто им е потребна. Секоја среда, во 18.00 часот, во седиштето на партијата, сите може да дојдат и да добијат бесплатна правна помош и бесплатно застапување пред надлежните органи“, рече Цветков.

Правниот тим на СДСМ е подготвен, како што додаде, да поднесе кривчна пријава за сите основани случаи за кои постојат докази.