Од општина Крива Паланка, во пресрет на претстојните празници, упатија апел до сите сограѓани да бидеме добри домаќини.
– Поради големиот број гости и посетители што се очекува да дојдат во градот од соседните општини и регионот за време на големиот концерт и празнувањата во градот на 28 и 29 август, упатуваме апел доколку можете, вашите моторни возила да ги оставите дома и доколку не е неопходно, во овие денови да не ги користите, освен за значајни потреби, велат оттаму.
Да бидеме добри домаќини за да отстапиме паркинг места за очекуваните гости.
Сите останати гости и туристи на Крива Паланка да ги следат ознаките и насоките за паркирање на редарските служби.
Во среда вечерта на 28 август голем концерт на градскиот плоштад:
Давид Темелков, ексклузивно со “Мојата Македонија” и многу други рефрени;
Главна ѕвезда Северина;
Забава за паметење со „Брас брадрс”.
Северина е миленик на публиката од сите генерации, а особено е атрактивна со своите сценски настапи со кои ги поместува границите и ги диктира трендовите, па така ќе ги разигра и разубави и празнувањата во Крива Паланка.