Мајката на Жељко Јоксимовиќ повремено се појавува во јавноста, а во една прилика раскажа за желбата на синот која тој не и ја исполнил.
Имено, Весна раскажала дека е многу горда на својот син, но дека една  желба сепак тој не и исполнил. Таа е среќна што тој е успешен пејач, но нејзина желба била тој да има друга професија во сфера на музиката.
Сакав да стане диригент. Тоа беше моја желба. И тој тоа го умее. Тоа тлее во него. Тој е полн со изненадувања и живее во тоа и самиот себе да се изненади. Никогаш не се знае што ќе биде во иднина- искрена била Весна.