Андријана Николовска, сопругата на генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вечерва заблагодарувајки им се на сите кои беа гости на нивната свадбена веселба која се одржа пред неколку недели, обзнани дека одлучиле дел од подароците да донираат на амбулантата за детска клиника во Скопје, поточно оваа клиника ќе добие апарат пулсоксиметар што е клучен за респираторни инфекции и прв аларм за состојбата на децата и мери количество на 02 во крвта.
Еве што напиша Николовска на нејзиниот фејсбук профил:
Од дното на срцето се заблагодаруваме на сите роднини и пријатели кои со своето присуство придонесоа да овој ден биде посебен и незаборавен.
Неизмерно сме благодарни и до сите кои беа дел од организацијата на нашата свадбена забава.
Заеднички направивме многу, многу повеќе од свадба, од големата сала полна со љубов и сплотеност, секој може да понесе уникатен момент. Од енергијата но и од мирот, од модерното но и од традицијата, од разноликоста но и од едноставноста. Настан во кој немаше поделба на гости и домакини туку сите бевме и едното и другото. Имаше македонци, словенци, албанци, турци, власи, роми, бошнаци, хрвати, срби, бугари…не имаше од секаде но поделби немаше. Сите бевме едно исто. Имаше само љубов и добрина.
И да. Затоа што гостите беа хумани и наместо цвеќе донираа за нечија насмевка, амбулантата на детската клиника во Скопје ке добие апарат пулсоксиметар што е клучен за респираторни инфекции и прв аларм за состојбата на децата и мери количество на 02 во крвта.
Нека ваквите мигови на љубов, поддршка, сплотеност и мир не пратат секој ден, а посебно да не заборавиме сега во овие моменти кога ни е најпотребно
Бидејки, свадбената веселба беше вечерта помеѓу 7-ми и 8-ми Март, сопругот на Андријана, Љупчо Николовски во 00:00 часот на сите дами им го честираше Денот на жената и им подари цвеќе.
Инаку, Николовски неговата хуманост до сега многу пати ја има покажано на дело.
Познато е дека тој додека беше министер, две и пол години своите дневници ги донирал, а за тоа јавноста дозна дури откако на настанот во организација на СОС Детското село во Скопје доби признание за најголем индивидуален донатор за 2019 година.
На својот профил на социјалните мрежи Николовски, тогаш повика на хуманост и меѓусебно помагање.
„Ми го исполнивте срцето со радост и среќа! Благодарен сум на СОС Детско село за ова признание кое многу ми значи!
Да бидеме хумани и благородни, да донираме, да помагаме, да подадеме рака секому!
Секој ден може да биде повод за мал гест!“, напиша тој.
Љупчо Николовски и во неговиот роден град, Крива Паланка значи за голем хуманист и помагател. Според кажувањата на тамошните жители, нема граѓанин на кого му нема помогнато и излезено во пресрет, кога се работи за најбитната работа – здравјето.