Регионалниот ЦУК Штип извести дека има една човечка жртва при пожар на куќа во село Косевица, во месноста „Реката“.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во село Косевица, во месноста „Реката“.

Интервенирано е со две протипожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема, велат од ЦУК.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата, што била во негова сопственост.