Раководителот на подрачната единица во Берово кој реагира зошто техничкиот министер ја снима ненајавената посета, сега му подготвува кривична пријава за неовластено снимање. ТВ24 стапи во контакт со Гоце Милошевски кој објаснува дека се одлучил по судска постапка да ја бара правдата, бидејќи неговиот сегашен шеф Цветан Трипуносвки извршил грубо крршење на приватноста.

„Сакам да излезам да си ги заштитам своите права, бидејќи со ваквото неовластено снимање во текот на вчерашниот ден кон крајот на работно време таму упадна заменикот со вклучена камера со уште две лица, која цело време снимаше и на крај кажа дрско одговори да се види како се работи. Лично сметам дека со ваквиот пристап и начин на неовластено снимање и пренесување при медимуите има грубо кршење на нашата приватност. Јас сум уште потресен од вчерашниот настан, не знам која била целта со која намена направено. Ако сакаше да се грижи за земјоделците требаше да седне и да разговараме, проблемите постојат со години наназад, а со ваквиот начин и пристап нема да решиме ништо.“ – вели Гоце Милошевски.

Инаку, против Цветан Трипуновски има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност со што го оштетил министерството за 117.000 евра.