Собранието ги усвои измените на Законот за одбрана, предложени од СДСМ, кои овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО.
Измените предвидуваат подобра армија, подобри услови за работа во армијата и градење кадри по стандардите на НАТО.
Законот обезбедува месечен додаток за вработените во армијата решавање на станбеното прашање во висина од 7.000 денари, стипендирање на дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата.
Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80% од десетте најдобри години, како и повисоки отпремнини при пензионирање.
Овој закон го регулира и прашањето на војниците кои полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање.