Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“, во кое ќе видите и интервју со пратеникот Кастриот Реџепи, се емитува вечерва (15 ноември 2021 г.) од 21:55 часот на ТВ Алсат

Во „360 степени“ објавуваме:

-Од пресот на Кастриот Реџепи во Собранието: Антонио Милошоски, кој дојде да го слуша, вели дека сакал да види „дали срцето на пратеникот Реџепи е во Вашингтон“;

-Интервју со Кастриот Реџепи: Го прашуваме, зошто се засолнал за да не дозволи земјата да отиде во правец спротивен на неговата идеолошка определба, а тоа го немал предвид кога се потпишал на иницијативата за уривање на владата;

-По вчерашните избори во Бугарија и изјавите на надеж од потенцијалниот премиер Кирил Петков: Весела Чернева вели – евентуалната деблокада на Северна Македонија во ЕУ во декември зависи од претседателот Радев, нова влада до тогаш ќе нема;

-Добиле ниви на подарок вредни 20 денари за квадрат, а по три недели и ги продале на ЕВН Електрани 40 пати поскапо – по 800 денари за квадрат. Финансиската полиција и обвинителството водат предистрага, од ВМРО ДПМНЕ не знаат дали се инволвирани нивни членови;

-Модерно земјоделство ги отвора и најпребирливите пазари во Западна Европа – сторија од Гевгелија, Струга и Скопје;

-„Саботажа“.