Екипата на Вашингтон Стејт, каде што настапува македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски ноќва впиша голема победа во НЦАА лигата, откако по продолжението го совлада градскиот ривал Вашингтон (90-87).

Нашиот репрезентативец одново имаше забележителен настап, а по една негова неверојатна тројка со звукот на сирената ги „полуде“ коментаторите на преносот.
Јакимовски натпреварот со Вашингтон гo заврши со 13 поени (три тројки), плус пет скока и четири асистенции.

Видеото може да го погледнете на следниов ЛИНК.