Се ситни ли ВМРО-ДПМНЕ пред изборите. Се погласни и поактивни се од групата од опозициската партија во која се поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, актуелната пратеничка Даниела Рангелова како и дел од осумте независни пратеници, анализира ТВ 21.
За нив се тврдеше дека во позадина стои поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и дека се очекува да преземат значителен дел од матичната партија. На нивната фејсбук страница Ново ВМРО-ДПМНЕ на кое како лого стои лавот на основа на македонското знаме заедно со знакот на НАТО и ѕвездите на Европската унија. Пратеничката Рангелова често пати јавно ги критикува потезите на опозициската партија, особено на лидерот Христијан Мицкоски, а исто така отворено вели и дека не ги поддржува политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно и Петар Богојески кој првично како фракција во ВМРО-ДПМНЕ предводеше групата реформатори на партијата. Но од пред неколку месеци ја формираше и новата граѓанска платформа „Македонски концепт“, со која се подготвува да настапи и на овие избори и најавија дека ќе одат со граѓански листи.
„Доколку граѓаните побараат и покажат дека се отворени за различно, за поинакви понуди од тие две добро познати за сите нас, ние ќе понудиме алтернатива на овие избори. Ако граѓаните не се заинтересирани и се задоволни од понудата на правиот пат и се задоволни од понудата на обновата на груевизмот, ние ќе останеме настрана од изборите“, рече Богојевски.
Со оглед на тоа што доаѓа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прашавме Богојески дали Македонски концепт може да одземе гласови од матичната партија.
„Македонски концепт може да одземе и да победи повеќе од Обновата за Македонија но и од правиот пат, доколку граѓаните ја разберат суштината на Македонски концепт. Веќе сме активни од почетокот на јануари ќе започне кампањата Приклучи се за нормала држава, приклучи се и направи промена“, изјави Богојевски.
Покрај најавите на Македонски концепт дека се подготвуваат за овие избори, од Ново ВМРО-ДПМНЕ нема информации дали и како тие ќе настапат на предвремените парламентарни избори.