“Криминалците во СДСМ и во МВР се во паника затоа што нивното „златно доба“ заврши.

Примислав Димовски кој исцица 40.000 евра пари на граѓаните за наводна соработка со криминализираното СЈО веќе нема да може да наплаќа услуги и ангажмани на рекетари.

Заврши времето на криминалната коалиција на СДСМ со подземјето. Заврши времето кога МВР на чело со Оливер Спасовски му слугуваше на криминалот. МВР повеќе нема да ги отплаќа долговите и нема да работи за концесиите на Заев кон подземјето кое изминатите три изборни циклуси се стави во целосна служба на овој човек.

Јасно е зошто Заев, Спасовски и Петровска штитеа и форсираа криминоген лик како Драган Симоновски. Притворениот Симоновски беше осомничен дека злоупотребувал класифицирани податоци за да изнудува пари, па унапреден во началник. Логично решение само за криминалците од СДСМ.

Никогаш да не се повтори!

Неспособниот Лазе Велковски, пред очите на целата македонска јавност ја злоупотреби својата службена положба користејќи го службеното возило за да ја развозува својата ќерка. Од Заев и Спасовски беше награден со челна позиција во Одделот за организиран криминал.

Никогаш да не се повтори!

МВР на чело со новиот технички министер ќе работи професионално и одговорно во служба на македонските граѓани. Улиците нема да бидат препуштени на криминалците.

Тука е крајот на политичарите кои наместо да ги гонат се сликаа со криминалци, рекетари, бандити. Тука е крајот на коалицијата на полицијата со криминалот . Во СДСМ владее паника, стравот на Заев, Спасовски и сите нивни соработници е голем бидејќи и самите се свесни дека после 12 април ќе одговараат за стореното.” – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.