Опозициската ВМРО – ДПМНЕ обвинува дека мерката „мој ДДВ“ е популистичка и без ефект за граѓаните и дека наместо со квази проекти, СДСМ требало изминативе три години да направи нешто за економијата да тргне напред.

“Но наместо 5% раст на економијата, со СДСМ имаме 7 милиони евра изрекетирани од бизнисмените.

Наместо капитални инвестиции, нови автопати и железници, имаме милионски тендери за фирмите блиски до врвот на власта.

Наместо еднаква достапност на секое работно место до секој, имаме партизација  на институциите и епидемија од непотизам.

СДСМ во изминативе три години покажа само неспособност, некадарност и неработа. Ефектите се видливи. Економијата тоне и затоа СДСМ мора да си замине. Популизмот нема да го спречи падот на СДСМ”, се вели во партиското соопштение на ВМРО – ДПМНЕ.