Осврнувајќи се на темата за случајот во јавноста познат како Рекет, Заев денеска посочи дека самите пораки докажуваат дека тој постапил и го пријавил случајот.
„Тие пораки се доказ за тоа каков човек сте. Без разлика дали некој имал провладин медиум, дали ме величал мене или ги поддржувал моите политики, ако се огрешил пред законот има да одговара, за разлика од минатото кога зборувавме за милијарди а никој не слушна дека поранешниот премиер пријавил некој случај. Премиерот треба да биде пример како треба да постапува правната држава“, заклучи Заев.