Опозицискиот блок заедно со Движењето БЕСА не успеа да ги собере потребните 61 пратеник за да се изгласа недоверба на Владата. Опозицијата се повлече од Собранието, а во 23:30 се очекува продолжување на 53. Седница во Законодавниот дом.

Собранискиот спикер Талат Џафери рече дека не се исклучува можноста Реџепи деновиве да стане 60-от пратеник на мнозинството.

„Фокус“ според неофицијални информации објави дека Алтернатива е на чекор до конечен договор за приклучување во Владата во која треба да добијат две министерски места. Доколку Алтернатива го официјализира влезот во Владата тоа значи дека парламентарното мнозинство би било 64 пратеници. Исто така, „Фокус“ повикувајќи се неофицијални информации пишува дека се водат напредни преговори со еден од осумте пратеници на Алијанса за Албанците на Зијадин Села.

Претходно денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски рече дека мнозинството ќе се прошири.