Во денешно време изгледа најтешко е да си Христијан Мицкоски…Сите брзаат кој прв да те КОПИРА, а ти и самиот КОПИРАШ?!

Во текот на вчерашниот ден, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски објави твит во кој вели: “Прво те игнорираат, потоа те исмејуваат, па те напаѓаат, следно те копираат и на крај – победуваш”, а истиот беше објавен по повод информацијата на Народна банка за намалувањето на основната каматна стапка, дополнителното намалување на понудениот износ на благајнички записи и проширувањето на опфатот на инструменти за обезбедување денарска ликвидност во банкарскиот систем.

Па и не страшно да се цитира некоја величина како Махатма Ганди, ама погрешно е да се наведува јавноста дека покрај тоа што си ескперт за математика, инженерство, енергетика, економија, медицина и еден куп други области уште си и голем мислител! Служењето со туѓи мисли и претставување како нивен автор е плагијаторство. Мислата која ја цитирал не е негова, туку ја КОПИРАЛ и тоа од Махатма Ганди, само заборавил да го напише изворот. Кој парадокс, оној кој обвинува дека е копиран и самиот копира. Па маестрално!

А, замислете само колку добро ќе беше ако сите навреме почневме да ги копираме сите сјајни идеи на Мицкоски :

  • Наместо да седиме дома затворени заради коронавирусот, ќе се релаксиравме и ќе си планинаревме по ВОДНО, во друштво, се разбира;
  • Наместо да запаѓаме во кризи и депресии заради карантини сите ќе си бевме навежбани и набилдани по ТЕРЕТАНИ (сè во духот на грижата за здравјето на граѓаните);
  • БУДИМПЕШТА ќе ја знаевме како на дланка, се разбира туристички;
  • Сите 2 000 000 народ ќе бевме ИСТЕСТИРАНИ на корона до последен;
  • Ќе нè лечеа ПАРТИСКИ ДОКТОРИ на ВМРО-ДПМНЕ;
  • НАЌЕ ќе ни го чуваше грбот (па тоа е само отсјај!)
  • Ќе си префрлевме пари од приватниот II СТОЛБ во државниот и ќе ги решевме сите проблеми во државата;
  • Ќе бевме главни ѕвезди на секојдневните ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИИ;
  • Ќе уживавме во луксузот на БЕЛАТА ПАЛАТА, седиштето на најбогатата политичка партија во Европа;
  • Ќе нè советуваа најталентираните и најистакнатите УЧЕНИЦИ на ГРУЕВСКИ;
  • Ќе дониравме НИШТО!

Ете добра стратегија, без многу труд и мака, само со копирање и плагијати ќе живеевме одлично!