Изгледа на Христијан Мицкоски и на останатите учесници во политичката кампања која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не им е несвојствено за време на средбите со граѓаните да се поздравуваат, ракуваат и фотографираат со деца, деца да им лепат плакати низ државава, деца да им ги слушаат митинзите…

Сето она што за остатокот од државата е непоимливо и неприфатливо, изгледа за ВМРО-ДПМНЕ е нормално?! Има ли посензитивно нешто од злоупотреба на деца во кампања?!

ВМРО-ДПМНЕ за време на своето деструктивно владеење успеа да упропасти една цела генерација на млади луѓе, па несфатливо е како е можно повторно да се дрзнуваат да компромитираат нешто најчисто и најискрено во нивните валкани кампањи?!

  • Мицкоски за чист публицитет злоупотребува дете во кампања, се фотографира, глуми возвишеност и сето тоа го прави “голорак”, без заштитна опрема.
  • Исто толку нормално за ВМРО-ДПМНЕ е во Јегуновце дете да го послужи “спасителот” со лепче. Замислете, Мицкоски овојпат за промена носеше ракавици, ама не се радувајте премногу бидејќи пред да касне лепче со истите ракавици се ракуваше со десетици луѓе. Очигледно добро осмислен проект, бидејќи децата беа точно позиционирани, претходно подготвени за пречек и облечени во носии.
  • За ВМРО-ДПМНЕ исто така е нормално наместо децата да уживаат во детска игра, од нив да прават професионални лепачи на плакати. Каква груба манипулација со кревките детски сфаќања.
  • За Игор Јанушев, на пример, е нормално дете од најрана возраст да биде во прв ред на средба со граѓани. За него нема ништо спорно детските мозоци да се трујат со црната пропаганда која оркестрирано во еден глас ја шират каде и да се појават.

Не помина ден од политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ, а да не посведочиме на груба злоупотреба на деца.

Дури посегнаа и по најчистите детски бајки, ги осакатија и направија потценувачки политички спотови кои само вмровски желудник може да ги свари. Намерно се земаат такви мотиви и се сквернават на најблуткав начин. За жал, не можеме да си ги заштитиме ниту сопствените деца од ваквите манипулативни спотови кои го привлекуваат детското внимание, а грубо се косат со нормалноста. А зошто пак помисливме дека тие би помислиле на децата, кога видовме како се оглушија на молбите на лицата со хендикеп да престанат да ги дискриминираат уште со првиот во низа небулозни спотови? ВМРО-ДПМНЕ најмалку мисли на ранливите категории, уште помалку на децата. ВМРО-ДПМНЕ мисли само на себе!

Со кое право им го нарушувате правото на мирно и спокојно дестсво на децата?!