Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на прес-конференција државава ја нарече “балкански Вухан” нормално во најцрна можна конотација бидејќи сите знаеме дека Вухан е центарот од каде експлодираше епидемиолошката бомба-коронавирусот која од корен го смени животот на целата планета.

Ама, се чини Јанушев и другарите доста добро се снаоѓаат во “Вухан”, а судејќи по постапките и приоритетите за кои слушнавме викендов, здравјето на граѓаните им е на последно место, а личните интереси на прво?! Ама тоа секако личи на ВМРО-ДПМНЕ, од секоја ситуација да извлечат максимум корист и бенефиции само за себе.

  1. Јанушев: Македонија е “балкански Вухан”

Чулев: Сега е вистинско време за унапредување на сопругата на Митко Чавко, БЕЗ ОГЛАС и за дури ТРИ СКАЛИЛА. Да не сме “Вухан “ веројатно ќе ја унапредел “само” за две. Ама, ете се погоди поволна ситуација, па ја унапредиле Јасмина и за целото времетраење на постапката за унапредување мислеле исклучиво на здравјето и добросостојбата на граѓаните од “Вухан”. Меѓу другото, сега било момент Чулев да исправи “неправда” спрема ексдиректорот на БЈБ , Митко Чавков, кој е осуден за „27 април“. Зборувај ми за НЕПРАВДА, па уште и државава да му се одолжи за патриотскиот чин?!2. Јанушев: Македонија е “балкански Вухан”

Дурловски: Којзнае кога следен пат ќе се отвори волку тешка ситуација во државата за да Игор Дурловски одлучи да потроши “сè што има заштедено во животот од пеење”. Ако помисливте дека сè што заштедил донирал на граѓаните од “Вухан”, грешите. Ако помисливте дека одел низ Македонија да снима спотови и да промовира туризам, пак грешите. Дурловски се шетал низ државава за да си лоцира поволно земјиште на кое ќе ги потроши парите крваво стекнати исклучиво од пеење?! И тоа една шестина, ни помалку, ни повеќе. И тоа пасиштe. И тоа на 120.000 квадратни метри заедно со уште 5 други лица. Кој во државава купува пасишта во време кога секој ден излегуваат на телевизија да им кажат на граѓаните дека сè е црно, поцрно не може да биде. Сè што испеал во животов врниот уметник потрошил на една шестина од пасиште?!

3. Јанушев: Македонија е “балкански Вухан”, ама Димитриеска-Кочоска не му го гледала пресот…

Димитриеска-Кочоска : Кој да верува на црната пропаганда која се емитува од “Белата палата”, кој да верува на нивните искрени намери и грижата за граѓаните кога Јанушев излегува на прес да ни соопшти дека станавме “Вухан”, а техничката заменик-министерка Димитриеска-Кочоска со недели го блокира поволниот заем од Светска банка во износ од 90 милиони евра. Заемот се зема со цел зајакнување на здравствениот систем и поддршка на социјално загрозените категории, а судејќи по постапките на опозицијата здравјето на граѓаните не им е ниту на мапата.

4. Јанушев: Македонија е “балкански Вухан”

Стоилковски: Портпаролот на партијата, Наум Стоилковски, изгледа не живее во “балканскиот Вухан”, па лежерно си пие кафенце на улица “Македонија”, се разбира во друштво и се разбира без маски. А, и информацијата е некако нормална кога се работи за партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои секојдневно ги саботираат сите здравствени мерки и тоа почнувајќи од првиот, па сè до последниот.

5. Јанушев: Македонија е “балкански Вухан”…власта е неспособна да се справи со ситуацијата…

Мицкоски: “Вухан” сме, знам друга стратегија, сите можам да ве спасам, знам каде греши Владата, ама сега не е време да ја преземам  власта и сите да ве спасам бидејќи имам други работи за правење?! Ама секогаш кога седам во кафана мислам на вас! На избори е опасно, во кафана ми е супер!

Едно нешто не е јасно?! Зошто Јанушев прво не им се јавил на партиските другари да им каже дека сме “балкански Вухан”, зошто прво не мислел на здравјето на своите сопартијци и другари, па после на здравјето на граѓаните. Нели е ферски да знаат да се самозаштитат, да не ги трошат последните пари на пасишта, да пијат кафиња и да се затвораат по кафани како да нема утре, да злоупотребуваат службени ингеренции…

Очигледно е дека сме “Вухан ” само кога треба да избегнат да преземат одговорност, да стават маски и да излезат на избори, за сите други задоволства на оваа мала група опортунисти изгледа сме Монте Карло?!