Излезе и вториот предизборен спот на ВМРО-ДПМНЕ…

И ако мислевме дека после оној со свитканите кичми нема подолу, очигледно сме се излажале.

Со Христијан Мицкоски секогаш може ПОДОЛУ.

Повторно навредлив за здравата интелигенција и чистиот, непоматен ум.

Досега од ВМРО-ДПМНЕ видовме баш сè. Видовме навреди, понижување, потсмевање, угнетување, деградација, дискриминација, ама вакво јавно потсмевање со сопствените граѓани, не!

Накусо, во најновиот спот една млада госпоѓица чекира авионски билет на аеродром за “каде било, само не тука”, тука се појавува Мицкоски повторно во улога на натчовек и билетот ѝ го заменува со партиска книшка. Сигурно пак се прашувате дали раководството на ВМРО-ДПМНЕ го виделе спотот пред да го пуштат?! Не само што го виделе туку од восхит не можеле да дочекаат да го пуштат во јавност. Ако целта му била да нè потсети како во старото добро време на ВМРО-ДПМНЕ луѓето беа “човечиња”, а партиската книшка “Оче наш”, тогаш целта е постигната! Пораката на спотот недвосмислено е таа, Мицкоски партиската книшка повторно ја враќа во мода. Ако таргет група му биле младите, тогаш Мицкоски многу јасно на цела држава и става до знаење дека ако дојде на власт партиската книшка повторно ќе отвора и ќе затвора врати. И нејасно е зошто се толку сензитивни кога ќе се спомене политичкиот прогон кој го спроведуваше груевистичкиот режим во кампањава, кога Мицкоски свечено најавува враќање на старите методи на уцени и закани врз основа на партиска припадност.

Она што не може да не се забележи е дека главната улога во сите спотови на ВМРО-ДПМНЕ е лично Мицкоски и секогаш во улога на спасител. Наместо партијата, кадрите и програмата, Мицкоски сака од себе да направи суперлик. За жал, засега ефектот е обратен, а и не знаеме до кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја спонзорира актерската кариера на еден искомплексиран политичар, а од тоа да има само штета и никаква корист?! Корист имаат сите политички субјекти, освен ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски го нема на листа во ниту една изборна единица, ама главен е во спотови. За снимање е прв, за работа последен!

Проблемот на Мицкоски во оваа кампања е дотолку поголем што овој народ нема баш толку кратка меморија, а со ваквите спотчиња буди стари духови од минатото и го потсетува народот како владееше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години. А, ако Мицкоски продолжи со ваквиот погубен маркетинг, фијаското им е загарантирано.

За да ви стане појасно колку не се случајни сите “случајности” во ова вмровска комедија е фактот дека госпоѓицата која се појавува во спотот секако е партички член со книшка, а на овие избори се наоѓа на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1.

Госпоѓицава е константа и во претходните политички кампањи на ВМРО-ДПМНЕ и очигледно е незаменлив дел од тимот кој губи.