Го загрозува ли ВМРО – ДПМНЕ членството во НАТО и ЕУ со најавите за поништување на Договорот од Преспа? Ова е прашање кое се поставува откако функционери на ВМРО -ДПМНЕ најавија дека доколку дојдат на власт ќе го поништат Договорот од Преспа и ќе го вратат назад старото уставно име.
Но, најавите дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа директно го загрозуваат нашето полноправно членство во НАТО, како и нашата интеграција во ЕУ кое членство на нашата држава и гарантираат безбедна и стабилна иднина, економски напредок и развој.
Столчето во НАТО коешто не очекува е столче за Република Северна Македонија – 30 тата земја членка на Алијансата, на најмоќниот сојуз во светот и без Договорот од Преспа пристапувањето во НАТО не беше можно.
Како гарант на договорот застанаа и обединетите нации и секакво негово прекршување може да значи блокада од страна на Грција и несериозно сваќање на државните политики пред сите странски фактори вклулувајки го и бизнис сектор што може да се одрази најмногу на економијата и инвестициите.
Сепак, можноста да се случи промена на Договорот од Преспа е на рамниште на теоретски шанси бидејки за негова промена освен пратеници од македонскиот блок, мора да гласаат и две третини од другите заедници кои живеат во државата од кои најбројна е албанската заедница која заеднички е ЗА договорот од Преспа и што побрзо интегрирање на Северна Македонија во евроатланските сојузи.
Мицковски и самиот е свесен дека ваква работа не е можна да се направи и можеби ова го користи како маркетиншки трик да допре до незадоволните гласачи на ВМРО – ДПМНЕ кои му замеруваат дека недоволно се бори за враќање на старото име на државата и дека неговите министри и заменици со стапувањето на функциите го прифатија новото име.