Експериментален лек против рак покажа досега невидени резултати во мало испитување на повеќе од десетина заболени од рак на ректум. Кај сите пациенти болеста почнала да се повлекува и на крајот целосно исчезнала.

Студијата за лекот Достарлимаб е објавена во The New England Journal of Medicine и според резултатите, туморите целосно исчезнале кај сите пациенти кои го зеле лекот.

Станува збор за 12 пациенти кои сега се излечени и здрави, без некакви нуспојави. Лекот го земале секои три недели во период од 6 месеци.

Лекот е развиен од американската биотехнолошка компанија Tesaro, продаден е на GlaxoSmithKline во 2019 година. За првпат е одобрен за лекување на канцер во 2021 година. Лекот е дизајниран да блокира одреден протеин инволвиран во заразени клетки со рак, наречен PD-1.

Со оглед на тоа што студијата е спроведена само на 12 пациенти, не може да се смета целосно за исправна, односно потребно е да се спроведе многу пообемна студија за да се потврди ефикасноста и безбедноста на лекот.