Кој е доктор Венко Филипче кој во најтешките моменти во историјата на македонскиот народ го води здравствениот систем. Она што до сега не сте го знаеле, ОхридСкај ќе се обиде да ја опише фамилијарната лоза на Венко Филипче во кратки црти.

Венко Филипче потекнува од стара охридска револуционерна фамилија.Малку се знае ,дека неговиот прадедо Иракли Филипче, беше најбогатиот човек и хуманист во постарата историја на Охрид. Иракли Филипче бил чувар на Охридските скапоцености во една од седумте регии во стар дел на Охрид попозната како Пандонос.

Иракли Филипче имал многу деца со својта сопруга Афродита,која била од старата охридска фамилија Снегаровци. Иракли помеѓу старите охриѓани, тогаш се истакнувал со голем хуманизам, помагал и ги вдомувал сите сираци и стари лица во стариот дел на Охрид. Иракли Филипче во 1903 година, заробен е од страна на турскиот аскер и на пат до Битолскиот затвор починал. Иракли Филипче погребан е од страна на жителите на стариот дел на Охрид,Варош со сите народни и верски почести во дворот на Црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид. Во бракот помеѓу Иракли Филипче и Авфордита се родиле и синовите Ставре Филипче и Никола Филипче.Никола Филипче бил основач на ТМРО , учител и личен пријател со тогашниот висок преставник на Европа во Македонија  Еторо Лоди. Никола Филипче умира млад од колера која го зафајќа Охрид .

Повеќе на линкот: Охрид скај