Цената на струјата за домаќинствата во Црна Гора во првата половина од годинава изнесува во просек 9,7 евроценти за киловат час за опсегот на годишна потрошувачка од 5.000 до 15.000 kWh, објави Заводот за статистика на Црна Гора (МОНСТАТ).

Како што соопшти МОНСТАТ, споредбените податоци на ЕУРОСТАТ покажуваат дека најскапиот киловат струја во регионот плаќаат граѓаните на Црна Гора.

Граѓаните на Албанија плаќаат 9,4 евроценти/KWh, Северна Македонија 9,3, Босна и Херцеговина 8,3, а Србија осум евроценти/KWh.

Најевтиниот киловат од земјите во регионот е во Косово и изнесува 6,5 евроценти за киловат час.