Утрово се исплатени 27.8 милиони евра кон 9те банки издавачи на картичката и од денес започнува издавањето на домашните платежни картички на граѓаните, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска.

„Најдоцна до 18ти јули ќе бидат издадени 325.000 картички со финансиска поддршка – средства кои преку граѓаните ќе се влеат кај погодените сектори за купување на домашни производи и услуги.

💳 На https://kupuvamdomasno.gov.mk со впишување на матичиот број секој граѓанин кој спаѓа во дефинираните може да провери која банка издавач ќе му ја издаде картичката и да се информира кога и каде ќе ја добие својата картичка.

Секоја банка креираше своја посебна страна за информирање на граѓаните за распоредот – кога и каде ќе им биде издадена картичката https://kupuvamdomasno.gov.mk/mk/banks

Проектот наречен Домашна платежна картичка – Купувам домашно го подготвувавме со многу голема посветеност, енергија и пасија. Се размислуваше на сите аспекти при неготово димензионирање
– како да е наједноставно за граѓаните
– како средствата да го дадат очекуваниот ефект врз економијата
– како истите да се насочат кон погодените сектори

Се мислеше и на резултатите кои ќе произлезат – промена на навиките, безготовинско општество, современо општество во какво што сакаме да живемее сите.

Во овој обемен прокет беа вклучени и придонес дадоа бројни институции – дел при креирање на листите (УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ), а дел при целосното оперативно решение – Министерство за финансии, Генерален Секретаријат, НБРМ, Македонска Банкарска асоцијација, банките… кои работеа долги часови, за време на празниците и викендите со цел непречна реализација што поскро.

Се надевам дека овој проект покрај поддршка за граѓаните, за економијата, за погодените сектори.. Ќе ја разбуди и свеста кај секој еден од нас за купување на домашни производи и за плаќање без готовина. Со купување на домашни производи и услуги придонесуваме да се зачува работното место на вработените во производствените погони, на угостителите, занаетчиите… блиски, познаници, луѓе кои не ги знаете, но во овој момент потребна им е поддршката да ги надминат последиците од Covid-19 кризата“, посочи Ангеловска.