Македонскиот народ на првиот круг од претседателските избори, покажа дека има кратка меморија.
Ја проголта фразата “Македонија повторно горда, Македонија повторно твоја”, ама да не биде утре дека не сте знаеле:
-вака еуфорично си ја изгласавте и Данела, па после се фативте за гуша и ви текна дека не чини, ама граѓаните на Скопје ги пуштивте низ вода и до ден денес ги трпат последиците од некадарното раководење;
-со гласот за ВМРО-ДПМНЕ европските интеграции одат во фиока, а без ЕУ нема поволна перспектива за земјава;
-со национализмот и ксенофобијата на ВМРО-ДПМНЕ не може да се води ниту внатрешна, а најмалку надворешна политика;
-првиот човек на партијата е еклатантен пример за непотизам, а истиот има амбиции да води држава;
-партијата со блокирана сметка, раскошна Бела палата и еден куп скапи спотови ли ве убеди дека ќе живеете подобро?!;
-режимските деца на Груевски повторно сакаат да ви бидат министри и функционери – лица со сомнително безбедносно минато, профитери со по 6 стана, дел од нив без ден стаж, а дел од нив во џепче си чуваат бугарски пасоши…за не дај Боже;
Ама уставни измени не прифаќале. Врв на лицемерие!