Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче денеска беше во посета на Крива Паланка, каде присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот „Виолетов мост”. Мостот е дел од проектот за обновување на градските мостови, кој вклучува и реконструкција на „Осички мост” и „Шанин мост”, со вкупна инвестиција од 26.000.000 денари.

462306365_551150453979033_2763631725754220425_n

“Парите за целиот проект се обезбедени кон крајот на минатата година, од Владата на СДСМ, со прераспределба на 32,5 милиони евра за развојни проекти во 44 општини ширум државата. Дополнително, Владата на СДСМ преку ТАВ програмата обезбеди реализација на 94 инфраструктурни проекти во општините во вредност од 50 милиони евра. Преку оваа програма, тука во Крива Паланка ќе се реконструираат два моста. Во завршна фаза е реконструкцијата на „Градечки мост”. Жителите на Крива Паланка добиваат и нов спортски терен за мал фудбал, чијашто изградба е финансирана од Развојната програма на општината”, рече Филипче.462222068_551150170645728_210064912025827760_n

Со оваа динамика, до крајот на 2024 година, пет мостови во Крива Паланка ќе бидат целосно обновени и ставени во функција за граѓаните.

462146942_551150243979054_21057030321637397_n

Претседателот на СДСМ,Филипче, посочи дека сите овие проекти не се само естетска промена на градот, туку проекти за подобри услови за живот, за рекреација, за подобра поврзаност на градот и олеснет сообраќај, бидејќи визијата на СДСМ е напредок и просперитет на секоја општина, и тоа е видливо онаму каде што градоначалниците се од СДСМ.

462189384_551150667312345_8907332167135667537_n

“Од друга страна, сведоци сме како се однесуваат други градоначалници. Главниот град за жал е затрупан во ѓубре, со дотраен јавен превоз. Во дел од општините градоначалниците укинуваат мерки од интерес на граѓаните, најавените инвестиции не се реализираат, условите во основните училишта се катастрофални, ученици од дел од градовите се оставени без превоз до училиштата. За 100 дена од ВМРО ДПМНЕ видовме само популистички мерки, лажни ветувања и тотална безидејност. Најавија 100 милиони евра поддршка на општините, но со погрешен метод за исплата, што отвора можност за манипулации и неефикасност во реализацијата на проектите”, изјави Филипче и додаде дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ креира реални проекти со видлив резултат и во интерес на граѓаните.