Уште еден во долгата низа лицемерни постапки, овој пат, гледаме кај Влатко Ѓорчев, пратеник во Собрание и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја темели својата кампања веќе две години на негирање на уставното име на нашата земја, пишува порталот Фронтлајн

Ѓорчев очигледно нема проблем со употреба на името Северна Македонија, кога станува збор за плати, дневници и други бенефиции и службени патувања, во случајов, дури до Америка.

Во прилог на ова говори неговата писмена комуникација со лого, меморандум и своерачен потпис во кои тој, иако јавно го негира, нема никаков проблем да го употреби името Република Северна Македонија.