Усвоен е ребалансот на Буџетот за 2020, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Државата е тука за граѓаните кога е најпотребно.
Издвојуваме 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки. Мора да издржиме економски, мора да го продолжиме позитивниот тренд кој го имаме како македонска економија.
Пренасочуваме финансиски средства кон борбата со здравствената криза, за обезбедување навремени вакцини и лекови.
Ќе продолжи максималната поддршка кон здравствените работници, студентите и учениците, невработените лица, пензионерите и социјално ранливите категории.
Ќе издржиме и ќе го пребродиме ова заедно“, нагласи Николовски.