Ова видеото на заменик министерот за земјоделие е класика ДПМНЕ. На страна што има мобинг и неовластено снимање со кое се нарушува приватноста на вработените, тој со неговото однесување ги докажува и ги враќа времињата што некогаш постоеа во Македонија.
Само три недели на власт и одма е подготвен да покаже сила, да понижи вработени, да ги потчини луѓето и дрско да дае до знаење дека тој е главен, а сите испод него нагазени. Не прифаќаат, никогаш и не прифаќале они да се во служба на граѓаните, за нив граѓаните и вработените мора да се нивни слуги, притоа малтретирани и иживувани.
И утре таквите ко него истите вработени ќе ги мкнат на сила по партиски митинзи, ќе ги тераат да мразат луѓе што не ги познаваат, па стекнатата нивната слепа лојалност ќе ја искористат подоцна да им се потпишуват документи убедуваќи ги дека тоа не е криминал, а и ако е, партијата ќе стои зад нив. За подоцна истите тие вработени да почнат да ги влечат по судови и на секое рочиште да се разболуваат додека „нивните“ ќе бараат амнестии, а со смс пораки ќе ги тешат дека тоа што го направиле партијата им е многу благодарна и еден ден коа ќе се вратат на власт, со сигурност ќе им одолжат.
И кога тоа враќање на власт малку ќе се надзира, макар и во техничка влада, во знак на ветеното одолжување, „лојалните“ ќе почнат беспомошно ама самоуверено да врескаат ко гусарот – POLICIJATA SEGA E NASA, пред повторно пак први ги уапсат и се дистанцираат од нив, затоа што тогаш таквите ко нив ќе им носат лоши предизиборни поени во нивното лажно рефромирање и преставување со „ново” руво пред остатокот од граѓаните. А можеби некои го заборавиле веќе старото руво, ама тука е и старата добра поговорка да потсети – Волкот крзното го менува, ама карактерот не!
Фејсбук статус на Влатко Васиљ