“Лично очекував дека се спремни за превземање на власта, и дека во првите 100 дена ќе има нови мерки, нови политики и остварување на стратешките цели. Затоа денеска сме разочарани од неподготвеноста, од неспремноста, безидејноста и водењето на државата без концепт и стратегија. Нема тим во владата, нема јасна стратегија што е тоа што се прави.” – изјави вечерва во “Тема на денот” на ТВ Сител, пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски.

Тој појасни дека за прв пат после многу години го добивме најголемото разочарување со одвојувањето со Албанија, што е најлошата порака во првите 100 дена.

 

“Сето она што го видовме, лоша кадровска политика, искомпромитирани кадри, нема нови мерки, нема нови политики, и разочарување и уназадување во сите сегменти, и навистина првите 100 дена не ветуваат дека земјата оди во правилна насока. За прв пат имаме намалување на просечната плата, нема зголемување на минималната плата, нема ниту една инвестиција која што е изменаџирана од оваа власт.” – рече Николовски.

Целото гостување  погледнете го на видеото подолу: