На денешен ден, пред седум години насилничкото, криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ го создаде еден од најцрните датуми во нашата демократија.
На 24 декември 2012 ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски насилно ги избрка прво новинарите од собраниската галерија, а потоа насилно ги исфрли пратениците од опозицицијата тогаш предводена од СДСМ.
24 декември е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ која ќе кулминира на 27 април со крвавиот четврток и насилниот упад во Собранието.