Продолжува растот на просечната плата, во ноември 2021 година таа изнесувала 29.130 денари. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, тоа значи зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен од 5,6% во однос на истиот месец 2020 година, односно за 1.542 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14,4%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,5%) и Информации и комуникации (11,3%).

Идната недела започнува социјалниот дијалог за зголемување и на минималната плата во државата, заедно со синдикатите и компаниите. Дополнително се прават анализи и за зголемување на пензиите огласно расположливите буџетски средства.

Владата е посветена на покачување на платите сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата. Минималната, просечната плата и пензиите ќе продолжат забрзано да растат.