Твитер заедницата денеска со последен поздрав до Драган Вучиќ, македонскиот пандан на Опра Винфри, македонскиот генијалец и бренд без ниту еден пропаднат проект. Слава му!
РИП Драган Вучиќ. Човекот кој ми донесе пица у недела у 9 на врата. Пицеријата била негова, доставувачот не дошол на работа.
— Punchable Пичлеме and 24 others (@penggemaar) May 4, 2020
Најголемиот ПР мозок кој од копачот направи гумена бонбона, бренд кој ќе се изучува во учебници, македонскиот Опра Винфри, човекот без пропаднат тв проект, генијалец каков што балканот немаше видено, месијата кој на руралецот му го врати сјајот во очите. Почивај во мир Змају.
— Артистот (@Shkottt) May 4, 2020
Ретко кој знае дека Драган беше одличен Басист, а е композитор на маестрални песни кко “Свирете ја Зајди Зајди” и “Ангели ме Носат’… Ептен позитивен чоек, а неговите емисии беа еден вид излез и прозорец од секојдневните проблеми на народов… Искрено ми е жал, Почивај во мир 🙏
— Бапчо (@TheFitzzz) May 4, 2020
Слава му на Драган Вучиќ. Иако беше оцрнуван со најпрости, подли зборови, човекот беше визионер, лекот за ова тло и луѓето што газат по него.
Музичар со апсолутен слух, авторот на Ангели ме носат и свирете ја зајди, зајди…
Ќе недостасува. Штета, навистина штета.
Сочувство.— Miko (@WomanlyPeculiar) May 4, 2020
Драган Вучиќ утрово починал… Знам дека беше во тешка состојба но искрено се надевав дека ке се опорави… Долги години го одржуваше духов на народов со неговите емисии, чоекот беше природен Лексилиум… нека му е лесна земја 🙁 Сочувство до семејството 🙏 pic.twitter.com/RRvu88GjH9
— Бапчо (@TheFitzzz) May 4, 2020
Абе треба да си паметен и да те бива на секоја тв да ти прифатат проект и со години да водиш различни емисии и да го забавуваш народот, покрај тоа одличен музички познавач и композитор, отскочна даска на Лозано. Почивај во мир Драган Вучиќ
— гуштер. (@Igu_Ana32) May 4, 2020
Драган Вучиќ не научи дека и фиќото знае да биде побрзо од БМВ. Почивај у мир легендо.
— Батка (@malerott) May 4, 2020
Еден од бисерите што ги памтам во некоја од емисииите на Драган Вучиќ. Го прашува гостинот:
– А вие сте тука заради пари или заради слава?
– Заради пари, слава имаме, Свети Никола.— Миле Паника (@Mile_Panika) May 4, 2020