Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во полн ек на кампања, ветува експресен пат Штип-Кочани. Да прошетал Мицкоски малку до Истокот, веројатно ќе забележел дека експресниот пат Штип-Кочани е во фаза пред пуштање. Она што Мицкоски сега го ветува, некој веќе го изградил. Да стапнел некогаш на Истокот, освен кога е кампања, веројатно ќе сфател дека во источниот дел на Македонија се гради како никогаш досега. Ама не стапнал!